Заљубете се повторно во Скопје

0
Фото:jhtravel.org

Ако сте родени во Скопје, секако дека ова е вашиот дом, местото каде што сте пораснале, спомените ги гледате во секој агол на градот, во секоја затскриена уличка. Се сеќавате каде сте играле жмурка, каде сте шетале со друштвото, во кое маало сте се собирале да играте фудбал, народна и ред други работи кои претставувале радост.

Сега сте возрасни личности, децата од маалските дружби пораснаа и како да ви недостигаат. Скопје, како и секој друг град, со текот на годините го менува ликот, расте како што растат и неговите жители. Вам ви станува тесно, секој ден сте во една иста рутина, станувате наутро, возите или чекорите до работното место, истиот пат, истите улици, дури ги сретнувате истите непознати лица секој ден во исто време.

Чувствувате потреба за промена, а не сте во можност баш во овој момент да заминете некаде на мал одмор. Еве една идеја: зошто да не пробате да бидете турист во сопствениот град? Можете оваа авантура да ја испробате сами, но во друштво е позабавно. Најпрво, набавете туристичка мапа на градот. Неа ќе ја купите во продавничките за сувенири. Одберете почетна локација и водете се по мапата.

11514346843_7519b19891_b

Ако локацијата што сте ја одбрале е плоштадот Македонија во центарот на Скопје, во тој случај упатете се накај Камениот мост. Прошетајте по него како прв пат да го поминувате. Застанете и погледнете околу, прочитајте повеќе за историјата на мостот и пробајте да го доживеете поинаку. Поминете од другата страна и веќе сте на почетокот на Старата скопска чаршија, местото кое крие многу приказни и споменици на времето. Влезете во Даут – пашин амам, во Чифте амам, посетете ја црквата Свети Димитрија, една од најубавите цркви во Скопје.

По чаршиските улички застанете и разговарајте со некој од старите занаетчии,прашајте ги како било порано тука, како е сега, нека ви раскажат некој приказна што никој не ја слушнал. Тие ќе бидат благодарни за разговорот и почитувањето, а вие за приказната што сте ја научиле. Испијте чај во некој од кафулињата, одморете се и потоа погледнете некоја следна дестинација.

IMG_4583

Прошетајте на Скопското Кале. Направете фотографии од таму. Скопје изгледа многу гледајќи го Калето. Продложете ја вашата рута накај Водно. Вратете се на плоштадот, информирајте се кога има автобус за разгледување на градот кој исто така вози до Средно Водно и качете се на иститот, Почетната станица е Триумфалната капија. Што стигнете таму, купете билет на жичарницата и уживајте во скопската глетка од врвот на Водно кај Милениумскиот крст. Прошетајте на чиститиот воздух. . Прошетката можете да ја продложите на Кањонот Матка. За таму подгответе се за пешачење, облечете се пригодно и не заборавајте да ја посетите пештерата Врело.СО вас постојано носете фотоапарат.

f9e09870afb8bd595d3b6ee7cdbe29eb

Со овие активности веќе сте потрошиле најголемиот дел од денот.

Вечерта искористете ја за го искусите ноќниот живот. Забавувајте се како да сте странец, целосно опуштени во убаво друштво. Прашајте кои места ќе ви ги препорачаат и појдете таму. По завршување на вечерта заминете си дома, одморете се за следниот туристички  ден.

Следниот ден пробајте да се “изгубите” во Скопје . Овојпат одете сами. Талкајте низ градските улици, барајте скриени места кои очите на јавноста не можат веднаш да ги забележат. Шетајте низ Дебар Маало, низ Маџир маало, затворете ги очите и почувствувајте го духот на старо Скопје.

Шетајте го пешки градот, дозволете тој да ве води и да ве запознава. Изолирајте ја бучавата на сообраќајот, изгубете се во градот што ве израснал.

Заљубете се уште еднаш во вашето Скопје.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.