Зачувајте ја младоста со Capture Youth колекцијата за нега на кожа од DIOR

0

Со текот на годините, заради различни фактори, кожата почнува да страда од надворешните влијаниа на кои изложена секојдневно. Токму затоа, Dior создаде колекција на нега на кожа која ја враќа еластичноста и здравиот изглед.

Capture Youth Intense Rescue Serum

Dior Skincare е решение за спас на кожата од дехидрација. Дали се чувствувате неудобно во сопствената кожа? Имате чувство на затегнатост?

Тоа значи дека патите од константна или повремена дехидрираност на кожата. Чувството на неудобност дополнително може да биде засилено со негативното влијание на окружувањето, како што е студеното време, ветрот, клима уредите инсталирани во секој дом.

Capture Youth Intense Rescue Serum е спасител за Вашата кожа.

Ја обновува и длабински ја храни кожата, без разлика на околностите. Има уникатна текстура: моќта на серумот за ревитализација во комбинација со хранливоста на маслото. Серумот во себе содржи арганово темно масло, кое ја храни кожата и ја прави еластична, а содржи и ирис кој помага во anti age ефектот.

Capture Youth Age-Delay Progressive Peeling Creme

Дали сте загрижени заради првите значи на стареење? Можеби сакате да ја прочистите текстурата на кожата и да го решите проблемот со сивиот и уморен тен?

Тоа сега можете да го сторите тоа благодарение на еден производ – запознајте ја Capture Youth Age-Delay Progressive Peeling Creme, крема која има моќ да ја зајакне способноста на кожата во борбата против стареењето. Освен тоа, ја обновува текстурата на кожата и ја прави блескава и свежа. Од ден на ден, станува посветла, тенот почист, изедначен и мазен.

Capture Youth New Skin Effect Enzyme Solution

Три во едно лосион експерт кој Ви помага да го засилите дејството на ритуалите за убавина со еден потег. Лосионот можете да го нанесете со тупфер или дирекно да се натапка производот со прстите. Длабински ја хидрира кожата, прави нежен пилинг, прочистува и ја подоборува текстурата. Исто така, го засилува дејството и на другите производи.

Capture Youth Eye Treatment

Знаците за стареење се забележуваат и во пределот околу очите. Брчки, потеченост, темни подочници…сите тие се видливи. Штом настане таква состојба, време е за акција.

Capture Youth Age-Delay Advanced Eye Treatment се бори против знаците на стареење и знаците на замор. Крајниот ефект е тоа што стануваат помалку видливи, а потечените очни контури и темни подочници се намалуваат.

Еколошка одговорност на DIOR

Печатените материјали на пакувањата се направени со природни бои, а самата обвивка е без целофан. Во пакувањето нема дополнителни упатства, така што сите потребни информации за производот можат да се добијат на интернет веднаш, со скенирање на QR кодот кој го има на секоја амбалажа.