Bo што веруваат луѓето, а што вели науката

0

Некои верувања се пренесуваат од генерација на генерација, а притоа никој не знае од каде потекнуваат и дали се вистинити. На некои од најпознатите има одговор, така што нема потреба повеќе да верувате во нешто во кое што не сте сигурни.

1.Ќе добиете артритис ако ги ‘кршите’ прстите

Шансите да добијат артритис луѓето кои ја имаат оваа навика се исти како и кај другите кои никогаш во животот не го направиле тоа.

2.Железна паричка фрлена од зграда може да повреди некого многу повеќе отколку што ние мислиме

Паричката која паѓа од зграда не може да достигне толкава брзина за да повреди некого, дури да го удри по глава.

3.Нашето однесување е условено од полна месечина

Не постои никаква врска, вели науката. Досега не е откриена никаков причинско – последичен однос.

4.Требаат 7 години за да се свари проголтана гума за џвакање

Иако нашиот стомак не може да ја разложи гумата за џвакање, процесот во цревата ќе донесе до тоа гумата за џвакање да најде начин како да излезе од телото, а тоа да не биде после 7 години.

  1. Користиме 10% од нашиот мозок

Не е точно. Ова е застарено мислење, човекот користи многу повеќе од тоа.

  1. Антибитикот може да го отстрани вирусот.

Антибиотикот убива бактерии, а не вируси

  1. Постoи темна страна на Месечината

Иако се чини дека секогаш ја гледаме истата страна на Месечината, нашите сателити всушност ротираат околу својата оска, како и нашата планета.

8.Бронтосаурус е диносаурус

Не постoи диносаурус под името Бронтосаурус, бидејќи е измислено, а се однесува на Апатосаурус.

9.Децата се немирни заради шеќерот

Шеќерот не ги прави децата немирни и хиперактивни. Тоа што ги прави такви се тие самите, нивниот карактер и желбата да откривање нови работи.

10.Гром никогаш не удира 2 пати на исто место.

Не е вистина. Колку за пример, зградата Емпајер Стејт Билдинг во Њујорк, годишно ја удира гром околу 100-тина пати.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот