Вашиот миленик открива каков човек сте

0

Изборот на домашно милениче кажува многу за тоа каков човек сте. Затоа се направени многу истражувања кои се обиделе да покажат зошто некои луѓе сакаат мачки, зошто некои обожаваат кучиња, зошто некои преферираат рипки, а некои луѓе најмногу сакаат птици.

Се смета дека луѓето што сакаат  кучиња се подруштвени, поотворени, пријателски расположени и рационални, додека луѓето што се љубители на мачки се невротични, ама исклучително креативни и големи филозофи. Интересно е што сопствениците на кучиња се поодговорни и посвесни за околината од сопствениците на мачки.

maxresdefault

Луѓето понекогаш избираат миленици што им се слични по карактерот. Токму затоа мирните, молчеливи луѓе купуваат риби, додека оние погласните, што секогаш имаат мислење за сè, во домот чуваат папагали. Авантуристичките типови чуваат змии или други рептили, или големи пајаци.

Постои теорија дека некои девојки чуваат куче бидејќи го сметаат за замена за момчето што го немаат. Девојките што имаат големо куче бараат партнер што ќе ги чува и брани, додека оние со мало куче се најчесто девојки што се несреќни во љубовта. Девојките, пак, што чуваат мачки се интелигентни и љубезни, ама знаат да бидат недостапни за спротивниот пол.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.