Вардар се зацврсти на првото место на табелата во СЕХА лигата

0

Со победата на гости кај Горење, Вардар го потврди првото место на табелата во СЕХА лигата и како најдобра екипа ќе влезе на Ф4 турнирот кој ќе се одигра на крајот на сезоната.

Ова беше 14 триумф за „црвено-црните” во СЕХА натпреварувањето оваа сезона. На клубот од Скопје до крајот на регуларниот дел од сезоната му останува уште гостувањето кај Извиѓач, а натпреварот ќе се одигра во во март.

Без оглед како ќе заврши тој натпревар, Вардар ќе остане на првото место на табелата. Дури и да изгубат и да имаат ист број бодови со Веспрем, ракометарите на Вардар имаат повеќе освоени бодови во меѓусебниот дуел, по победата во Скопје и реми натпреварот во Веспрем.

Ова значи дека овој тим нема да биде противник на Вардар во полуфиналето на Ф4 турнирот, со што значително се зголемуваат шансите на Вардар да игра во финалето и да го освои турнирот.

Можен противник на Вардар се екипите на Целје, ППД Загреб и Мешков. Сите три екипи се во игра за двете слободни места што водат на Ф4 турнирот.

Местото на одигрување на завршниот турнир сè уште не е познато.

Што се однесува до другите натпревари на Вардар, момците следната сабота во Скопје ќе играат против ППД Загреб, во натпревар од Лигата на шампионите.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.