Уметници изградија патека која поврзува два острова

0

Ако сакате да патувате од островот Монте Изола до соседниот остров Сан Паоло, обично тоа би ве чинело пари и време. Во најмала рака би требало да си платите билет на брод, да изнајмите кола или пак да изнајмите приватно бродче за да патувате сами.

Но, благодарение на уметничката брачната двојка, Кристо и Џен во наредните 3 недели сите посетители на овие острови ќе може со пешачење да ја разгледаат нивната убавина без притоа да користат било какви превозни средства.
http-%2F%2Fcoresites-cdn.factorymedia.com%2Fmpora_new%2Fwp-content%2Fuploads%2F2016%2F06%2Fwalk

Брачната двојка изгради стаза од 3 километри која се состои од 100.000 квадрати метри материјал што плови на површината на водата.
Вушност ова е многу повеќе од мост. Интересно е тоа што додека посетителите пешачат по стазата ќе може да го почувствуваат дивижењето на водата под чевлите, поради видот на материјал од кој е изработена инсталацијата. Сепак тие гарантираат за безбедноста.
http-%2F%2Fcoresites-cdn.factorymedia.com%2Fmpora_new%2Fwp-content%2Fuploads%2F2016%2F06%2Fwalk4

„Тие ќе го почувствуваат движењето на водата испод нивните нозе, а тоа е многу секси и помалку наликува како спиење на воден кревет“- вели Кристо.

„Патеката е жолта боја и е дизајнирана токму на тој начин да се совпадне со околината на островите“ велат двајцата уметници.
„Сакавме посетителите да го почувствуваат ова дело како природно дело на природата, односно како природен пејзаж“- додаваат тие.
http-%2F%2Fcoresites-cdn.factorymedia.com%2Fmpora_new%2Fwp-content%2Fuploads%2F2016%2F06%2Fwalk5
Погледот од височина дополнително ја збогатува целата околина поради планините со кои се заобиколени овие два острова.
Најдобро е тоа  што посетителите може да се движат кога сакаат и тоа безплатно.
„Нема билети, нема резервации и нема сопственик на ова дело“- вели уметникот.
„Водната инсталација е како вид на улица и припаѓа на сите“.- додава тој.
http-%2F%2Fcoresites-cdn.factorymedia.com%2Fmpora_new%2Fwp-content%2Fuploads%2F2016%2F06%2Fwalk2

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.