Тестенини во кинески стил

0

Денеска  решивме да ви дадеме предлог за брз ручек или вечера, се разбира во зависност од вашите преференции. Подгответе нудли или тестенини на кинески начин. Едноставно и брзо решение кое нема да ви одземе време, а сепак ќе бидете сити и среќни.

Потребни состојки:

  • Полу готови тестенини
  • Месо: пилешко или свинско
  • Зеленчук: брокула, тиквичка, морков, кромид, зелена боранија, зелка
  • Маслиново масло
  • Лук во прав
  • Соја сос

photo 2

Начин на подготовка: Во тенџере со зовриена вода ставаат нудлите. Четири пакетчиња се доволни за оброк за четворица луѓе. Се варат три минути и се тргаат од оган. Се цедат и се оставаат во посебен сад на страна за да се изладат. Потоа во тава за пржење ставете го зеленчукот кој ќе биде претходно исечкан на долгнавести парчиња. Зеленчукот можете да го комбинирате по вкус или да користите тоа што е сезонско во моментот. На малку вода се динста, штом испари водата, ставете од маслиновото масло две минути и тргнете ја од оган тавата.

Во друга тава ставете го да се пржи месото, пилешко или свинско, тоа е по ваш вкус. Месото се сече на коцки, исто така се динста некоја минута пред да ставите обично масло и потоа го тргате од оган.

Сето ова заедно на крајот се меша, се става повторно на оган 1 до 2 минути, се додава маслиново масло, лук во прав и соја сос по вкус. Се послужува во чинија за сервирање и е подготвено за јадење.

Убав апетит!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.