Што кога не ви се допаѓа неговиот подарок?

0

По некој повод – за празник, роденден, годишнина или онака, без некој посебен повод – добивате подарок од својот партнер. Нетрпеливо го отворате, скоро ја кинете хартијата на парчиња и…. одеднаш расположението ви паѓа на нула. Подарокот воопшто не ви се допаѓа!

Доколку сте на почеток на врската, разочарувањето поради нешто вакво е помало – партнерот сè уште не ве познава доволно и можеби погрешно ве проценил дека токму тоа нешто би ви се допаднало. Ако станува збор за подолга врска, разочарувањето е секако многу поголемо – зарем толку слабо ве познаваат? Ваквата слаба проценка, колку и да е несакана, умее да заболи.

Во ваков случај не треба да бидете нељубезна кон партнерот. Тој секако сака да ви се допадне неговиот подарок. Замислете како би се чувствувале вие тој да ви изреагира незадоволно за подарокот кој вие сте му го дале! Би ве заболело, зар не? Затоа е најдобро љубезно да му се заблагодарите на подарокот.

Не треба да го излажете дека подарокот ви се допаднал ако не ви се допаднал. Веројатно ќе ве праша дали ви се допаѓа; тогаш немојте да бидете груба, но на некој начин укажете му дека тоа не е нешто што би си го купиле самата себеси.

Запомнете: бидете внимателна, бидејќи тој секако нема да биде среќен со сознанието дека подарокот не ви се допаднал.

Во овој случај многу е важно да се погрижите ова веќе да не се повтори. Не преземајте драстични мерки: доволно е додека шетате низ град само да споменете што ви се допаѓа. Или пак додека сте дома низ неврзан разговор да му кажете: „Не можам да си најдам убави… и наведете го подарокот што ви се допаѓа. Така тој ќе добие јасна слика за она што ви се допаѓа и што сакате и на тој начин едноставно шансите да згреши во изборот се многу мали.

И не заборавајте, на ист начин постапете и самата кога одбирате подарок за него. Дозволете му неговите желби да допрат до вас, а потоа само реализирајте ги.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.