Што да јадете „денот потоа“?

0

Колку пати сте се прејале толку многу што не можете да дишете? Да, не можете да ѝ одолеете на храната, ама некогаш навистина претерувате во желбата да пробате сè. И јадете количински многу.

И по целото прејадување се колнете дека веќе нема да јадете толку многу, а дека следниот ден нема да каснете ниту залче за да ги потрошите калориите. Ова е најголемата грешка којашто можете да ја направите, бидејќи ќе се изгладните толку многу, што следниот ден пак ќе претерате со храната.

Еве што треба да јадете денот по огромното прејадување…

За појадок подгответе омлет само од белки и со омлетот каснете малку младо сирење, не многу масно.

За ручек јадете салата од мешан зеленчук (зелена салата, краставица, домат, пиперка) со туна или мисиркина салама. Зачинете ја со јаболков оцет, малку маслиново масло и можете да ставите малку пармезан.

За ужина каснете овошен јогурт без шеќер, едно јаболко или банана.

И вечерата треба да е лесна – риба, пилешко месо на скара, варен зеленчук и салата од домати. Потоа можете да изедете и малку овошна салата.

Предноста на оваа еднодневна диета во однос на изгладнувањето е што нема да внесете многу калории, ќе бидете сити и нема да му нанесете шок на организмот, а тоа е најлошото нешто што можете да го направите.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот