Стаклен павилјон од соништата

0

Кој не би посакал да има совршена куќа, направена по најсовремените стандарди во архитектурата и дизајнот и куќа која ќе биде поинаква од сите останати?

Калифорнискиот архитект Стив Херман потрошил цели шест години за да ја направи својата куќа од соништата. Станува збор за стаклен павилјон во Монтесито.

010-glass-pavilion-steve-hermann

Неговата куќа од соништата чии ѕидови се од стакло, се наоѓа на имот со површина од 1,4 хектари.

Стаклениот павилјон од 1300 квадратни метри има 5 спални соби и исто толку бањи, кујна и винска визба, уметничка галерија односно гаража каде Херман ги сместил ретро автомобилите кои ги собира.

009-glass-pavilion-steve-hermann

Ѕидовите од стакло дозволуваат неверојатен поглед на храстовата шума која покрива голем дел од неговиот имот, а е опремена со специјално дизајниран мебел,  направен од еколошки материјали.

Ова инспиративно архитектонско дело секој би го посакал. Павилјонот е направен по најсовремените стандарди во минималистички стил, по мерка создаден за оние кои во својот дом сакаат да ја искомбинираат креативноста, елегантноста, удобноста и енергетската ефикасност.

012-glass-pavilion-steve-hermann

Херман ја создал оваа куќа со намера да живее во неа, но, меѓувремено ги променил плановите, па сега оваа куќа од соништата се продава по цена од 35 милиони долари.

016-glass-pavilion-steve-hermann 014-glass-pavilion-steve-hermann 013-glass-pavilion-steve-hermann 011-glass-pavilion-steve-hermann 008-glass-pavilion-steve-hermann 006-glass-pavilion-steve-hermann 018-glass-pavilion-steve-hermann 019-glass-pavilion-steve-hermann 020-glass-pavilion-steve-hermann 004-glass-pavilion-steve-hermann 005-glass-pavilion-steve-hermann

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.