Специфичниот систем на адресирање во Јапонија

0

Системот на адресирање е ист скоро секаде во светот. Адресата содржи име на улицата и секогаш зграда или куќа има свој број. Така многу лесно може да најдеме некој објект. Меѓутоа во Јапонија ситуацијата е сосема различна. Таму улиците воопшто немаат имиња. Само неколку големи и фреквентни улици имат имиња, но нив никој не го користи. Пред да помислите како е невозможно да се снајдете во систем без улица, дозволете да ви објасниме како тоа функционира.

Секој град е поделен на блокови. Блоковите се составени од улици кои немаат имиња, така што кога ќе барате некој објект треба да знаете во кој блок се наоѓа. Блоковите не се секогаш подредени по специјален ред, за пронаоѓање на некој блок ви е потребен GPS апарат, мапа или мобилен телефон. Во Јапонија постојат мапи на скоро секоја раскрсница и на туристите не им е  проблем да се снајдат.

Кога ќе дојдете до зелениот блок на пример, и ви е потребен одреден објект кој има свој број има исто своја специфика. Броевите не одат по распоред, туку зградите ви се дадени по редослед кога се направени. Така може да се случи броевите 1,3,15,2 да не се баш блиску. Па кога треба да се дава одредена адреса се дава и објаснување, на пример, стоматолошката ординација се наоѓа преку патот, од левата страна се наоѓа тобако итн.

Нас можеби ваквиот систем ни изгледа комлициран, меѓутоа тоа сосем нормално функционира во Јапонија, и во неколку соседни земји кои го превзеле овој систем на адресирање.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот