Спасил 669 деца во времето на Холокаустот, а не знаел дека тие деца седат околу него

0

Сер Николас Винтон е еден од најголемите хуманитарци на минатиот век. Овој човек самиот организирал операција за спасување на деца од нацистичките кампови на смртта.

Помеѓу 1938 и 1939 година, во неколку акции тој успеал да спаси дури 669 еврејски деца од Чехословачка. По тајни патишта и со многу напор успевал да ги спаси од логорите каде што ги очекувала сигурна смрт и да ги одведе на безбедно во Велика Британија.

Иако за ова не зборувал многу по војната, неговата сопруга во 1988 година го пронашла неговиот дневник во кој биле запишани имињата на сите деца и нивни фотографии.

Видеото подолу ја покажува средбата на Винтон со голем дел од тие деца педесет години подоцна, без воопшто да биде свесен дека сите тие седат околу нив.

Емоциите не можат да се опишат со зборови… само погледнете го видеото.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот