Со просек од 561.900 долари по човек, тие се најбогатите луѓе на светот

0

Прв пат по глобалната финансиска криза од 2008 година, просечното глобално богатство по човек, годинава стагнираше на 52.800долари.

Најбогати во светот и понатаму се Швајцарците чиешто просечно богатство изнесува 561.900 долари на возрасен човек. Овие информации ги даде Credit Suisse во својот годишен извештај за богатството, со што го потврди водечкото место на оваа земја 16 година по ред.

Веднаш зад нив се жителите на САД, но со многу помал имот, вреден само 344.700 долари, а потоа следуваат Британците со просечен имот од 288.800 долари.

Во извештајот истовремено се наведува дека за прв пат по 2008 година пораснал делот на непаричниот имот како дел од богатството што го поседуваат луѓето. Ова е посебно случај со Германија каде што бројките за пораст се најизразени.

Бројот на супербогати луѓе коишто поседуваат најмалку 50 милиони долари на својата сметка пораснала од 4.100 поединци на 140.900 во текот на минатата година, а поттикнат од порастот во азиските земји.

Се проценува дека 33 милиони луѓе во светот поседуваат помеѓу еден и 50 милиони долари. Од нив 45% се Американци, а 30% се Европјани.

Најсиромашна светска нација

Најсиромашните 20% од светското население, оние што заработуваат до 248 долари, се околу една милијарда на број. Меѓу нив се и 44% од таканаречените нето должници кои поседуваат помалку од 2628 долари.

Скоро 1/3 од најсиромашното население живее во азиските држави. На врвот на листата е Индија со околу 246 милиони луѓе, па следуваат Кина со 72 милиони и Нигерија со 35 милиони луѓе. На листата е и Русија со 28 милиони сиромашни луѓе, Украина со 25 милиони и САД со 21 милион најсиромашни луѓе во светот.

Македонија не се наоѓа на првата листа, ама за среќа не се наоѓа ни на втората.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.