Со каков оброк го почнуваат денот нутриционистите?

0

Сите добро знаеме дека појадокот е најважниот оброк што задолжително треба да го внесеме во текот на денот.

Избегнувањето на појадокот е најголемата грешка, а тоа во никој случај не си го дозволуваат нутриционистите кои најдобро го знаат правилниот начин на исхрана.

Кога станува збор за нивното неделно мени, нутриционистката Кетрин Брукинг за еден странски магазин им го препорачува на читателите својот начин на внесување на потребните хранливи состојки од првиот оброк.

Овесни житарици со ореви

Кетрин Брукинг денот сака да го започне со нешто слатко, па затоа во чинијата става житарици, додава ореви и малку мед или кафеав шеќер.

“Кога го јадам тоа за појадок, немам желба да грицкам меѓу оброците. Заситените масти и здравите јаглехидрати кои ги содржи ваквиот оброк ме полнат со енергија”, објаснува Брукинг.

Путер од кикиритки и тост

Вандана Шет го добива своето “гориво” од тост на кој мачка путер од кикиритки, потоа става неколку банани и чиа семе. Нутриционистката вели дека ваквиот оброк е богат со здрави масти, протеини и хранливи влакна.

download

Тост, јајца и сирење

Нутриционистката Анџела Џин-Медоу го започнува денот со тост, јајца и парче сирење. “Лесно се подготвува и брзо ве полни со енергија”, вели Анџела.

Кајгана и овошје

Нутриционистката Џули Аптон го почнува денот со кајгана, парче леб на кој мачка путер од кикиритки, а со тоа обавезно јаде и некое овошје и пие шолја чај.

„Тоа е здрав појадок, но и брз, бидејќи не бара долга подготовка. Со овие намирници внесувам меѓу 20 и 25 грама протеини и на тој начин ја налувам желбата за грицки подоцна во денот. Како баланс на протеините од јајцата, внесувам јаглехидрати од банана и малку масти од путерот”, завршува таа.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот