Смеење до солзи: Најголемите лапсуси на славните

0

Вообичаено, луѓето кои се славни, по непишано правило внимаваат на секое нивно појавување во јавноста, внимателно ја одбираат облеката, го вежбаат говорот пред огледалото, се трудат да го задржат својот углед, бегаат од папарци – фотографите. Но, не треба да заборавиме дека пред сè, тие се токму луѓе и како и сите нас, знаат да направат и по некоја грешка. Па, еве ги најглупавите и најсмешните изјави на неколку светски познати личности.

„Кога на телевизија ќе видам како децата ширум светот гладуваат, ми навираат солзи. Мислам, и јас би сакала да сум толку слаба, ама не сакам да се хранам со муви. “ – Мараја Кери

„Ја подржувам смртната казна. Оној кој направил грозно дело мора да биде казнет со смртна казна. Само така ќе ја научи лекцијата“ – Бритни Спирс

„Дефинитивно би сакал мојот син Бруклин да биде крстен. Само уште не знам која вера ќе ја одбереме“ – Дејвид Бекам

„Америка е глупава, баш како глупаво куче со големи заби кое гризе и може да не повреди. Агресивна е.“ – Џони Деп

„Попрво би пушела трева, отколку да јадам сирење од конзерва“ – Гвинет Палтроу

„Би сакала да бидам како Махатма Ганди, Мартин Лутер Кинг и Џон Ленон, ама жива.“ – Мадона

„Мразам кога летам со авион и ќе се разбудам со чаша вода пред себе. Супер, сега уште за водата да се грижам.“ – Кание Вест

„Денеска разговарав со една девојка која има канцер. Ми раскажуваше колку ѝ е тешко. Но, токму поради болеста таа научила многу за животот и за тоа кои ѝ се вистински пријатели. Има само 18 години, а јас се чувствувам исто како неа.“ – Ким Кардашијан

„За ништо не размислувам премногу, бидејќи тоа ме плаши“ – Памела Андерсон

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот