Синтија Никсон ќе се кандидира за Гувернер на Њујорк

0

Актерката која ја играше Миранда Хобс во серијата „Сексот и градот“ ќе се кандидира за гувернер на Њујорк. Таа изминатата недела ја објави својата кампања.

Таа на Твитер напиша:

„Го сакам Њујорк и денеска ја објавувам мојата кампања за Гувернер“.

Во моментов, нејзин противник е актуелниот гувернер, Ендрју Куомо. Со оваа политичка активност, таа се вклучува на листата селебрити кои имаат или имале успешен политички ангажман како Арнолд Шварценегер, Ал Франкен и Доналд Трамп.

Нејзините поранешни колешки од серијата ја изразија поддршката кон тоа што го прави.

Ким Катрал на Твитер напиша:

„Ја поддржувам и почитувам секоја моја поранешна колешка во изборот кој што го прави.“

Кристин Дејвис твитна:

„Горда сум на Синтија Никсон, бидејќи никој повеќе од неа не се грижи за тоа секоја личност да добие еднаков третман за промена и шанса за добро образование. Знам дека ќе биде одлична као Гувернер!“

Се огласија и останатите колеги со таа глумеше во серијата и ја изразија нивната целосна поддршка.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.