Синонимите за светските метрополи

0

Некои градови ширум светот имаат свои прекари или епитети кои ги добиле по некоја карактеристика поради која се препознатливи. Од ова непишано правило не се исклучени ни најголемите светски метрополи кои имаат по малку чудни прекари.

Њујорк или Големото Јаболко

Овој популарен прекар за Њујорк за првпат се споменува во 1909 година во книгата Пешакот во Њујорк на Едвард Мартин. Во книгата, авторот објаснил дека жителите на другите американски градови ги доживуваат Њујорчани како многу алчни и материјалисти, споредувајќи ги со големи и скапани јаболка.

metropoli (5)

Лас Вегас или Градот на гревот

На почетокот од дваесеттиот век, блокот 16 во Лас Вегас бил нарекуван „блок на гревот“ бидејќи во тој блок можело слободно да се купи алкохол или да се пронајде проститутка. Блокот бил уништен за време на Втората Светска војна, но прекарот останал и сега е синоним за целиот град.

metropoli (3)

Париз или Градот на љубовта и светлината

Париз го добил прекарот „Град на љубовта“ поради мостот каде вљубените ставаат катанци во чест на својата љубов, а клучот го фрлаат во Сена. Град на светлината е поради тоа што француската престолнина е првиот град во Европа кој поставил улично осветлување.

metropoli (1)

Москва или Белиот камен

Москва не го добила ова име поради белиот снег кој таму се задржува долго, туку поради средновековната архитектура. Московските градби од тоа време најчесто биле градени од камен во бела боја. Подоцна белите градби биле обоени во црвено.

metropoli (4)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот