А што ти треба… Сè што срцето посакува

0

Една жена сонувала дека влегла во голема и раскошна продавница и на свое огромно изненадување, го здогледала Бог зад пултот.

  • Што продаваш? – го прашала.

  • Сè што срцето ти посакува – одговорил тој.

Жената не можела да поверува во она кое го слушнала и одлучила да го побара најдоброто што едно човечко срце може да посака. Таа рекла:

  • Сакам мир за душата, љубов, среќа, мудрост и слобода од стравот.

А по кратко размислување додала:

  • Но, не само за мене, туку и за сите луѓе на светот.

Бог се насмевнал и одговорил:

  • Мислам дека погрешно ме сфати женичке. Овде не продаваме плодови, само семиња.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.