Што можат мажите да позајмат од женска козметика

0

Ако порано дотерувањето го сметале само за женска карактеристика, за среќа, тоа мислење е изменето. Мажите денес имаат на располагање разновидни козметички колекции и реквизити наменети само за нив. Но, во отсуствo на истите, еве што може да позајмат од жените, ако тие им дозволат секако.

Шампон за суво миење на косата. Ова е нешто од кое сите имаат потреба во случај кога треба да се измие косата. Не им снемува време само на жените, туку и на мажите, а во тој случај ова е вистинско решение.

Унисекс парфеми. Да, постојат и вакви парфеми, а во случај кога сте ја потрошиле последната капка од парфемот утрината пред работа, позајмете од сопругата или девојката.

Лосион за баланс на Т-зоната. Немаат само жените мрсна кожа во Т-зоната. Верувајте, мажите се соочуваат со истите кожни промени. Ако во вашиoт несесер нема ваков лосион, тогаш отворете кај неа, таму сигурно ќе најдете.

Гел и спреј за зацврстување на косата. Овие продукти не мора да ги купувате, жените секогаш ги имаат на лагер.

Тоник за лице. Тоникот за чистење на кожата е идеален продукт за позајмување од сопругата.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.