6 познати жени кои отворено прозбореа за нивниот абортус

0

Аборусот бил и сè уште е горлива тема за која жестоко се дискутира, не само кај нас туку во светот. Малта, Доминиканската Република, Ел Салвадор, Никарагва и Чиле се земјите каде абортусот е нелегален, а во останатите право на избор кое често пати се осудува.

Шест познати жени од светот на шоу бизнисот отворено прозбореа на сопственото искуство на оваа тема со цел да се отстрани целата стигма околу тоа.

1.Челси Хендлер

Хендлер има изјавено дека се одлучила на абортус откако останала вторпат бремена во иста година и морала да најде пари да ја плати процедурата:

„Имав два абортуса во една година, забременив од истиот човек. Вториот пат немав пари за процедурата. Едвај собрав 230 долари за да можам да платам безбеден абортус во клиниката „ Planned Parenthood “.

Знам дека е неодговорно да се остане бремена случајно, но сепак потребно е добро да се размисли и да се донесе одлука. Сите правиме грешки. Јас направив две грешки во една година кога имав 16 години. Благодарна сум што се вразумив навреме и се одлучив на легален абортус кој е многу побезбеден од која било друга алтернативна варијанта. На тој начин не си ги ризикував здравјето и животот.

Сега сум во моите 40ти години. Досега, ниту еднаш не се завртев назад и не си реков   – О Боже, посакувам да го родев тоа дете“.

2.Глориа Стеинхем

Авторката и политички активист Глориа Стеинхем нејзината книга ‘My Life On The Road’ ја посвети на лекарот кој го извел абортусот.

„Оваа книга е посветена на Д-р Џон Шарпе од Лондон, кој во 1957 година, цела една декада пред да почнат да се изведуваат легално абортуси во Англија, се согласи да го направи овој ризичен зафат на 22 годишна Американка на пат за Индија.

Знаејќи само за фактот дека штотуку прекинав веридба и тргнав да барам нова судбина во непозната земја, тој ми се обрати со зборовите: ‘Вети ми две работи: Првата, дека никогаш, никому нема да го кажеш моето име. Втората, во животот секогаш ќе го правиш тоа што го сакаш’.

Драг д-р Шарпе, верувам дека нема да Ви пречи што долго после Вашата смрт го кажувам ова – Јас направив најдобро што можев во мојот живот.

Затоа, оваа книга ви ја посветувам Вам!“

3.Ники Минаж

Минаж во интервју за Ролинг Стоун магазинот изјави дека во песната ‘All Things Go’, сингл од албумот ‘The Pink Print’ зборува за абортусот кој го имала додека била тинејџерка:

„Кога дознав дека сум бремена мислев ќе умрам. Бев тинејџерка. За мене тоа беше една од најтешките работи низ кои морав да поминам. Ме прогонуваше целиот мој живот, иако бев сигурна во својот избор. Не бев подготвена за дете, немав што да му понудам“.

4.Џоан Колинс

Актерката прозборе за абортусот кој го имала додека била во врска со Ворен Бити:

„Беше незамисливо да имаме дете. Тој немаше пари, јас немав ништо. Верувам дека кога ќе се донесе дете на овој свет, треба да се биде во целост подготвен и одговорен за него… знам дека ја направив вистинската одлука“.

5.Вупи Голдберг

Голдберг на оваа тема зборува во книгата ‘The Choices We Made’.

„Дознав дека сум бремена кога имав 14 години. Немав мензис тој месец. Не зборував со никого, бев во паника. Во тој момент се плашев како ќе објаснам на луѓето за ситуацијата.“

6.Лил Ким

Лил Ким за ова изјави: „Не знам дали се каам заради тоа што го направив. Понекогаш да, понекогаш не. Но, потоа си велам – ако се одлучев за спротивното, што ќе беше со мојата кариера“.

Сите искуства се различни и секоја жена емотивно и психички го доживува абортусот на различен начин. Живееме во време кога секое човечко суштество треба да има слобода да одлучи како ќе постапува во животот.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот