Секоја втора жена е жртва на мобинг на работното место?!

0

Анкетите покажуваат дека мобингот е практично епидемична појава. Во средини во кои жените легално имаат пристап на работни места, кои традиционално се сметаат за исклучиво машки, влезот им е отежнат не само поради барањата за задоволување на одредени физички барања, туку и поради односот на соработниците кон нив.

Фрустрирачки митови кои сите ние треба да престанеме да веруваме:

  • Некои лица, особено жени, провоцираат да бидат мобирани, поради начинот на кој се облекуваат, движат и зборуваат.

Факт-Нема никакви податоци за ваков вид на ризик фактор.

  • Мобинг им се случува на оние жени кои се сметаат за конвенционално атрактивни.

Факт- мобингот може да му се случи на било кој.

  • Ако некој навистина сака да го обесхрабри или сопре мобингот, лесно може тоа да го направи.

Факт е дека често агресорот е во позиција да казнува.

  • Мобингот лесно се надминува и игнорира.

Факт – од искуствата на жртвите се покажува дека оваа ретко преставува делотворна стратегија.

  • Мобингот е само лошо разбрано додворување, па нема потреба такви добри намери да се нарекуваат насилство.

Факт-  Допаѓањето и мобингот немаат никаква заедничка врска. Кај овој облик на насилство, сексуалноста е средство за манифестација на надомќ и контрола.

  • Непотребно се прави баук. Флертувањето, коментарите, шегите или допирите не можат никому да нанесат толкава штета за да се сметаат за насилни.

Факт- Мобингот може да доведе до нарушување на физичкото и емоционално здравје, последици може да бидат и губење на работното место, пониски оценки, страв да се оди на училиште, па и неопходност од преселување.

„Имавме задолжителна пракса од факултет. На праксата бев заедно со мојата колешка, меѓутоа еден ден таа не дојде и останав сама. Забележав дека мојот надреден ми упатува саркастични коментари за мојот телесен изглед. Но игнорирав. Ме прати да земам документација од една просторија која е оддалечена, отидов, тој тргна по мене. Одеднаш ја почуствував неговата рака на мојата нога. Се исплашив се чувствував толку мало, незаштитено, истрчав од просторијата и веќе никогаш не се вратив“.

Ова е една од многуте ситуации во кои жените се нападнати само заради тоа што се жени. Но треба да се знае дека секое вербално, невербално или физичко однесување од полов карактер, кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на работникот, а кое предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување се нарекува мобинг.

Затоа, не молчете – кажете гласно за да можат сите да слушнат!

Подготви: Марија Алексиќ

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.