Разлеана мини пита

0

Kога немате многу време, ова е наш предлог за ужинка.

Потребни состојки:

2 јајца
1/4 лажичка хималајска сол
2 лажици масло
100 мл. млеко
7-8 лажици брашно
прстофат пециво
по потреба масло, сирење
по потреба и вкус кечап, оригано

Рерната се вклучува на 200 степени. Јајцата и солта се матат со жица, се додаваат маслото и млекото. Постепено се додаваат брашното и пецивото и се мати. Смесата се доизматува доколку има грутчиња за да се добие мазна смеса, малку погуста од таа за палачинки. Во тркалезно тавче бр. 24 или 26 се става малку масло, се става неколку минути во загреаната рерна да се вжешти маслото. Тавчето со загреаното масло се вади од рерна, внатре внимателно се истура смесата и се враќа назад во рерната па се пече 15-20 минути. Разлеаната мини пита при печењето може на некои места да се надуе, тоа е нормално. Се сервира и се јаде топла, а одозгора можете да ставите сирење, кечап, оригано по вкус.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар