Работите кои никој нема да ви ги каже кога ќе решите да имате второ дете

0

Иако веќе еднаш сте биле родители, кога ќе решите да го сторите тоа по втор пат се уште ќе има работи кои нема да ги знаете.

Кога ќе се реализирате по втор пат во улогата на родител:

 Ќе чувствувате вина повеќе од порано

Ќе мора поголемо внимание да обрнувате и да се посветите на бебето, а заради тоа ќе чувствувате вина кон постарото дете дека нема да можете да му се посветите и нему во целост.

Многу работи ќе ги правите како да сте прв пат родители

Веројатно се сте научиле со првото дете, но исто така многу сте заборавиле. Ќе ви треба време да се потсетите, а заради тоа ќе се почувствувате како почетник.

Можеби второто искуство ќе биде помалку интензивно

Секако дека добивањето на второ дете е значајно и важно, но нема да ви го промени целиот свет како со првото. Нема да го имате она чувство дека вие сте креирале човечки живот па да ви се одзема здивот при таа помисла. Вториот пат среќата ќе биде подеднакво голема, љубовта исто така, само нема да биде се така интензивно како првиот пат.

Доењето повторно ќе биде предизвик

Нека не ве изненади ако вториот пат немате млеко и ќе треба да го стимулирате, ако се појават рагади или ќе ви бидат потребни вештачки брадавици. Се тоа е дел од повторниот процес.

Ќе мислите дека пак ќе бидете “слободна” мајка

Не, нема. Така беше првиот пат кога имавте едно дете и можевте да си полежите и да се погушкате на спалната. Сега, ќе морате да станувате порано, да се погрижите за постарото дете, потоа помалото и секако сопругот. Ќе ви биде потребна многу поголема помош од порано.

Ќе имате многу повеќе валкана облека

 Можеби не мислевте дека толку мало човече ќе ви направи неред, но ќе се потсетите како беше првиот пат, а сега ќе биде дури и дуплирано.

Но, сето ова е дел од процесот и ќе се навикнете и ќе уживате во улогата на родител по втор пат.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот