Работи кои само жените ги разбираат

0

Жените се прекрасни, непредвидливи и восхитувачки суштества кои се способни да се изненадат дури и самите себе. Секогаш подготвени за борба и одговор за секоја можна ситуација.

Мудри мисли кои ќе ги разберат само жените:

– Домот е онаму каде што можеш да се шеташ без градник.

– Понекогаш ги гледаш мажите кон кои некогаш си имала симпатија и неволно почнуваш да се сомневаш во својата адекватност.

– Ја мразам фразата „Па ти си женско“…о боже, па зарем имав некој избор!

– Кој рекол дека нема идеални жени….Има, на пример мојот маж има дури и повеќе од идеална…

– Секоја жена има високи штикли со кои може само да седи.

– Ако се земе предвид фактот дека на будалите среќата им помага, тогаш јас сум изгледа неверојатно умна.

– Навистина би била среќна да ја изгубам главата по некој маж, но, таа кај мене едноставно многу тежи од искуство.

– Вечерта си велам утре ќе одам на работа дотерана од глава до петици, а сабајлето мојата мрзеливост ми вели: „Ај облечи си ги фармерките и џемперот и оди си“.

– Мажите мислат дека ако нивната девојка не е расположена, проблемот е кај неа. А всушност, ако девојка ви не е расположена, проблемот е во вас, драги мажи.

– Мажот, тоа ти е човек кој и помага на жената да ги надмине проблемите кои таа и не би ги знаеле да не се омажела за него.

– Се приближува еден маж кон девојка која јаде колачи и и вели: Знаеш ли дека од слатко ќе се здебелиш и ќе ти пожолтат забите? – А мојот дедо живееше до 106 години.

– А зарем тој секој ден јадеше колачи? – Не, одговара девојката, – не си го пикаше носот кај што не му е местото….

– Совет до домаќинките: колку поретко чистите дома, резултатите ќе бидат многу повидливи.

– Ако не знаеш што да правиш, вежбај си го задникот: дури и да не најдеш решение, добро навежбан задник никогаш не е на одмет.

– Не е важно колку вашиот маж има години, 5, 15, 25, 35, 45….подарете му авион на далечинско управување и ќе се шекне од радост.

– Љубов, романтика….како и да свртиш, најдолго чекана порака е дека е префрлена платата.

Жената се подмладува се до 30-тата година, а потоа ѓаволски се разубавува.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.