Работи кои не треба да ги ставате на вашето лице

0

Може ви се чини логично дека оној продукт што е добар за телото е добар и за лицето, но има одредени работи кои не би смееле да ги нанесувате на вашето лице.

Кожата на лицето е потенка и понежна, токму затоа треба да користите препарати кои ќе го зачуваат нејзиниот изглед, особено делот под очите кој е сензитивен и најтенок, усните и пределот кај градите. За овие делови е потребна посебна грижа поради нивната чувствителност.

Не секогаш знаеме кои работи НЕ треба да ги нанесуваме на лице и токму затоа направивме листа од 5…

1. Алкохол

Сите знаеме дека алкохолот има антибактериска функција и дека покрај тоа што го користиме за да избегнеме инфекции, го користиме и во домаќинството.
Алкохол не е препорачливо за чистење на кожата на лицето или пак тоник кој во составот содржи алкохол. Тој ја суши кожата и предизвикува создавање на дополнителни маснотии во порите.

2. Шеќер

Знаеме дека шеќерот не е добар за телото и здравјето, но сепак многу продукти од скроб во составот имаат и шеќер. Секако, ја прави блескава кожата, но запомнете дека кожата на лицето е многу понежна и токму затоа треба да одбегнувате втријување на груби продукти. Доколку сакате, може да користите шеќер за телото, наместо сол.

3. Вазелин (желе)

 

Вазелинот е одличен за усните, покрај тоа сигурно знаете дека е одличен за деликатна кожа, за заштита од сонце, за каснување од комарци и сл. Се разбира, кожата е многу мека потоа, но желето можеби ќе и даде влага на кожата, но може да ја направи и сува со текот на времето, бидејќи ги одзема дополнителниот воздух и влага. Со други зборови не и дава влага на кожата, туку го задржува она што вашата кожа веќе го има – а тоа не ви е потребно.

4. Топла вода

Топлата вода ја уништува природната влажност што кожата ја има. Топлата вода ги намалува природните масти на епидермот и го уништува слојот кој помага за задржување на влагата на кожата. Ова би предизвикало дисбаланс и сува кожа.

5. Лимон

Лимонот содржи PH вредност 2, што значи дека е многу кисел. Ја суши кожата и токму затоа не се препорачува никако за кожата на лицето.

Ако одлучите да користите лимон за вашата кожа, бидете внимателни бидејќи мастите во него се фототоксични . Ова значи дека изложувањето на сонце по примена на лимон на кожата може да предизвика црвенило слично на она од изгореници.

Затоа бидете внимателни и негувајте ја кожата на лицето.

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.