Пронајдена е вакцина за HIV?

0

Научниците веруваат дека открија вакцина за HIV, која има неверојатна ефикасност. Започнато е нејзиното тестирање во Јужно-афрканската Република.

Се започна со првичната вакцина „RV 144“ која имала околку 60% на ефикасност.
Првото тестирање е започнато во Тајван, но подоцна се утврдило дека ефикасноста е намалена на 31%, со што научниците започнале нови испитувања.
Вакцината е модифицирана и во составот содржи катализатор кој му дава сила на имунитетот во организмот.
Според зборовите на Линда Гали Бекер од „Desmon Tutu HIV“ центарот во Кејп Таун, повеќе од 200 луѓе земале учество во пре-елиминарните тестови на новата вакцина „HIV 100“ во текот на 2015 година.

Во 2016 година вакцината ја пробале 5.400 луѓе од 4 града на Јужно-афрканската Република, а тестирањето продолжува во наредните 3 години.

„Се надеваме дека ова ќе биде првиот лиценциран режим на вакцината“- истакна Линда Гали Бекер и додава дека нејзината верба е голема дека оваа вакцина ќе ја сопре епидемијата на HIV вирусот.

Стручните лица пак предупредуваат дека вакцината сама по себе нема да биде доволна за да се заштитите од болеста, но би требало да биде ефикасна во комбинација со постоечките заштитини мерки.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар