Приказната за црниот волк

0

Пред 13 години застрашувачки црн волк почнал да се појавува во предградието Жуно, Алјаска. Меѓутоа овој волк само делувал страшно, во реалноста само сакал да стекне пријатели.

Локалните граѓани го нарекле Ромео и набрзо неговото присуство го забележал целиот град. Половина сметале како е прекрасно што е животното толку питомо и сака да се дружи, додека другата половина сметале дека неговото вродено чувство како предатор еден ден ќе надвладее, и ќе биде потенцијална опасност за сите мештани.

Фотографот на дива природа Ник Јанс го опишува неговото искуство со овој волк.

“Погледнав пред својата куќа и на ледот стоеше волк. Бидејќи имав 20-годишно искуство со волци на Арктикот, веднаш знаев дека се работи за волк, а не куче“.

Romeo-playing-with-dog

Според Јанс, Ромео делувал потполно пријателски и опуштено и тоа не се случило само еднаш, Ромео останал љубопитен и пријателски настроен и во наредните 6 години.

“Единствената работа која можам да ја кажам од човечка перспектива е дека Ромео единствено што сакаше е пријателство. Едноставно волкот доаѓаше само да се поздрави, немаше никаква придобивка од тоа, само уживаше во нашето друштво“.

Неговото однесување дефинитивно може да се протолкува како чудно, бидејќи многу волци сакаат да ја докажат својата доминација преку напаѓање на кучиња или други животни.

Според Јанс, Ромео е интересен пример за тоа како волците можат да бидат блиски со кучињата и луѓето. Ромео останал таков се до својот крај, а живеел 3 пати подолго отколку што во просек живеат дивите волци.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот