Престиж во автомобилскиот свет – Ролс Ројс

0

Британскиот производител на автомобили и авионски мотори, Ролс Ројс Лимитид, е резултат на партнерството помеѓу Чарлс Стјуарт Ролс и Сер Фредерик Хенри Ројс што датира од 1904 година. Нивните автомобили се вистинска класика и според многумина, најдобрите автомобили што некогаш постоеле на пазарот.

62

Хенри Ројс го започнал својот бизнис во 1884 година. Кога дваесет години подоцна го изработил својот прв автомобил, два-цилиндричниот Ројс 10, се запознал со Чарлс Ролс. Иако Ролс сакал да пронајде три или четирицилиндричен автомобил за себе, бил импресиониран од Ројс 10, по што решил да го купи, ама и да ги продава автомобилите што ги произведувал Ролс. Така и „паднал договор“ автомобилите да го носат денес познатото двојно Р како симбол на распознавање.

01_social_share_image_v3

Со текот на годините автомобилите се надградувале и подобрувале. Во 1906 година тие веќе го произвеле својот прв 6-цилиндричен автомобил, Ролс-Ројс 30hp. Во 1925 година го претставиле моделот Silver Ghost, еден од најпродаваните модели на компанијата во тоа време, со преку 6,000 порачки. Основата на овој автомобил британската армија ја користела за изработка на нивните воени автомобили во текот на двете Светски војни.

a

Во 1931 година, компанијата го купила својот ривал Бентли, па до ден денес компанијата е производител на двата типа престижни автомобили.

82

Мора да признаете, и по повеќе од 110 години, автомобилите на Ролс Ројс делуваат совршено за око. Не постои човек што не би се свртел по нив, ниту пак некој што не би сакал да поседува еден ваков автомобил.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар