Предности од користење на јавниот превоз

0

Иако веќе постојат многу позитивни причини за користење на јавен превоз, јапонските научници наведоа и неколку нови. Според студија презентирана на The American Heart Association’s Scientific Sessions , одењето на работа со автобус или воз покажува значајно подобрување на здравјето.

Истражувањето вклучувало 6 илјади возрасни луѓе во Осака, Јапонија и споредувало разлики меѓу корисниците на јавниот превоз, возачи, велосипедисти и пешаци. Истражувачите ги одредиле и факторите како возраст, пол, пушење цигари итн. Во споредба со тие што возат автомобил кон работа, луѓето што користат автобус и воз се:

– со 44% помали шанси да имаат вишок килограми

– со 24% помали шанси да имаа висок крвен притисок

– со 34% помали шанси за дијабетес

o-woman-bus-facebook__1474540848_77-29-146-98

Најизненадувачкиот факт од оваа студија бил дека корисниците на автобус и воз имале помал процент на дијабетес, висок крвен притисок и зголемена телесна тежина дури и од пешаците и велосипедистите, што нема никаква логика, сè додека истражувачите не дошле до заклучок дека всушност корисниците на автобус и воз поминуваат повеќе време пешачејќи од домот до автобуската или железничката станица, па оттаму до работното место.

„Ако ви се потребни повеќе од 20 минути во еден правец пеш или со велосипед за да стигнете до работа, сигурно ќе одберете јавен превоз или автомобил за да стигнете до работното место“, вели главниот истражувач Хисако Цуи. „Луѓето треба да се решат за јавен превоз наместо возење автомобил како дел од нивното секојдневно раздвижување,“ изјави Цуи.

А како стигнавте вие на работа денеска?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.