Правилата за живеење на Џоан Колинс

0

Ликот кој го одбележа минатиот век, што се однесува до тв сериите беше ликот на Алексис од познатата серија “Династија”. Актерката која ја играше злобната поранешна сопруга на Блејк, всушност е жена која светот ја знае по принципите по кои таа се води и начинот на живот за кој се пишуваше со години во медиумите. Важи за една од најубавите жени кои се уште изгледаат совршено, иако е во поодминати години.

Ова се правилата по кои таа се води:

Како да изгледаш убаво? Немој да стоите на сонце и никогаш не ставајте сапун на лицето.

Што се однесува до шминката, не трошете повеќе од 25 минути на истата и секогаш очите да бидат совршено нашминкани.

Како да патувате со стил? Никогаш не носете фармерки.

Идолите за убавина на Џоан Колинс од минатото и сегашноста: Ава Гарднер, Вивиен Ли, Елизабет Тејлор, Кармен Дел Орфејс и Дита Вон Тис

Тајната на ‘smoky’ изгледот е следна: очите изгледаат подобро како што поминува денот.

За високата мода таа вели: Тоа е најзастрашувачкиот момент во модата. Земете ја за пример манифестацијата Met Gala и сите тие фустани кои не секогаш имаат смисла. Јас ум повеќе човек кој сака понормални брендови како на пример M&S и H&M.

Кога нејзината кумашина и штитеничка Кара Делавињ ја прашала дали да почне со кариера на глумица, нејзиниот совет бил  “НЕ”.. .Тоа се однесува на сите млади со амбиција за оваа кариера

За актерките денес вели: Тоа се жени кои не можат сами да се погрижат за изгледот. Изгубена е индивидуалноста што ја имавме порано.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот