Практични трикови: Како да ги употребите искористените кесички од чај

0

Дали знаете дека искористените кесички од чајот кој го пиете секој ден можете повторно да ги употребите? Не за подготовка на уште еден чај, туку тие имаат многу повеќе намена во домот отколку што ние знаеме.

Црвенило и отечени очи

Потопете ја кесичката во студена вода и ставете на очните капаци. После неколку минути, чајот ќе ги отстрани црвенилото и отеченоста, а вашите очи повторно ќе изгледаат свежо.

Маринирање на месо

Месото кое сакате да го подготвите за ручек и го маринирате со други состојки, ќе има голема корист ако ги ставите искористените кесички чај на него. Тоа ќе помогне месото да не стане тврдо и жилаво. А чајот само ќе го збогати вкусот на храната.

Чистење на куќата

Чајот може да ја отстрани нечистотијата и маснотијата од огледалата, подовите, дури и од линолеумот. Откако ќе го подготвите напитокот, кесичката потопете ја во студена вода и така направете средство за чистење. Само внимавајте потоа добро да избришете за да не останат траги.

Освежување на облеката и обувките

Исушените искористени кесички од чај ставете ги во чинија, а потоа во плакарот. Ако пак сакате да ги освежите обувките, во секој чевел по една кесичка заради пријатна свежина.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.