Постојано ми пишува, а не ме поканува на состанок- зошто?

0

Зошто момците продолжуваат со допишување иако не се заинтересирани за вас? Тоа е интерсно да се знае …

Некои момци наеднаш ќе исчезнат, а тоа секако иритира но барем знаете на што сте. Други пак продолжуваат со допишување иако вие чувстувате дека тоа не води никаде и скоро сте сигурни дека не се баш заинтересирани.
Тогаш зошто продолжуват со пишување?

1. Мислат дека се пристојни
Некои момци се убедени дека непристојно е да се каже на девојка дека не се заинтересирани. Се плашат да не ја повредат таа личност. Се додека не дојдат до момент кога е веќе потребно да ви соопштат дека немат никакви чувства кон вас, вие постајно ќе трчате и ќе се надевате за нив.
Понекогаш тие пак се надеваат дека вие ќе престанете да се допишувате со нив- особено ако е непрецизен ќе с енадева дека во некој момент вие ќе бидете таа што ќе ја прекине комуникацијата и ќе свати дека тој не е заинтересиран за вас, а тој воедно нема да има потреба да каже ништо.
Можеби вие ќе сметате дека е пољубезно доколку тој прв ви каже, но едноставно некои момци се чувстуваат лошо па токму затоа ја развлекуваат ситуацијата.
MFC_Text-Messages-that-Men-should-never-send-to-a-woman-6102. Плашливци се
Покрај тоа што може да се плашат да не ве повредат, момците едноставно не може да поднесат секаков вид на соочување особено ако се работи за соочување со девојки.

3. Не знаат како да престанат со допишување
Некои момци немаат апсолутно никаква идеја и искуство за прекинување на врската со жена. Можби во минатото жените биле тие кои го имале крајниот збор во врската- можеби имале повеќе долги врски, а помалку авантури па не биле во ситуација да кажат Не.
Каква и да е причината тие не знаат на кои начин би требало да ја прекинат комуникацијата со девојката и поради тоа едноставно ќе ве избегнуваат.
textingandguysdating__1467448811_77.29.250.524. Сакаат да бидат само пријатели со вас
Во друг случај допишувањето може да значи и дека имаат намера да ви бидат пријатели. Ве гледаат како одличен пријател и поради тоа комплетно го ингнорираат вашето флертување.

5. Сакаат само да флертуваат
Некои момци обожуваат да флертуваат преку допишување и пораки дури и ако немаат никаква намера за нешто посериозно со вас. Тие сметаат дека е забавно да се флертува со вас па дури и тоа да не прерасне во ништо понатаму. Едноставно сакаат да почувстуваат дека го имаат целото внимание на една жена.

6. Не се сигурни
Овој тип на момци може и воопшто нема да се заљубат во вас, но ниту пак самите нема да бидат сигурни во истото.
Можеби и понатаму чувстува нешто за својата поранешна девојка или пак е во таква позиција што не може да има нова девојка.
Тоа би значело дека иако покажува интерес за вас, не мисли дека би требало да направи нешто повеќе за тоа.

7. Потребна им е резерва
Момците сметаат дека постојано треба да с едружат со други девојки иако покрај себе можеби дури имаат и девојка. Според нив, не значи дека ако имаш девојка не треба да се допишуваш и со други девојки, односно според нив кажано- да се дружиш.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар