Поранешниот претседател на Иран денес чува овци

0

Додека бил претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад одел на „работа“ со автобус, а неговата жена работела како чистачка.

Во текот на неговиот претседателски мандат:

1.Американската телевизија Fox News го прашала: „Кога ќе се погледнете наутро во огледало, што си велите себеси?“, на што тој одговорил: „Гледам човек кому му велам: „Запомни, ти си само обичен слуга.“

2. Кога прв пат влегол во претседателскиот кабинет, Ахманиеџад ги зачудил многумина кога скапите персиски килими ги дал како донација на една џамија во Техеран и ги заменил со обични, евтини килими.

3. Кога станал претседател, поднел извештај за сојот имот: автомобил Пежо 504 од 1977 година и мала стара куќа во еден од најсиромашните делови на Техеран, наследство од татко му.

4. Вработените во неговата администрација не можеле да се изначудат на фактот што секое утро доаѓал со торба на работа во која го носел појадокот што го подготвувала жена му: неколку сендвичи или леб со маслиново масло и сирење.

5. Често им помагал на луѓето кои ги чистат улиците во делот од градот каде што живее и работи.

capture__1480491384_79-125-251-92

6. Кога седел во хотел, барал неговата соба да нема голем кревет затоа што сакал да спие на под, на душек, покриен со ќебе.

7. Во текот на неговиот мандат, секој нов министер морал да потпише документ во кој, меѓу другото, било наведено дека ќе остане сиромав и дека нивните сметки и сметките на нивните роднини ќе се проверуваат.

8. Тој дури и не сакал да прима претседателска плата, а тоа го објаснувал со фактот дека целото богатство треба да му припаѓа на нацијата, а тој го штител.

9. Живее од плата на универзитетски професор која изнесува 250 долари.

10. Денес, кога веќе не е претседател, сака да се релаксира така што чува стадо овци. Вели дека тој и неговото семејство се среќни како секогаш.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.