Порака на една мајка која го разнежни светот: Драги татковци, направете го тоа за своето семејство

0

Блогерката Синди Гејтвуд, која е и мајка, преку својот Фејсбук профил, им се обрати на татковците ширум светот со цел да ги натера да направат повеќе фотографии од драгоцените моменти со семејството.

„Драги татковци,

Знам дека во овој момент го држите телефонот во рака. Веројатно секогаш ви е во рака или во џеб. На сите ни е. Пробајте вака – направете што повеќе фотографии од неа. И не зборувам за оние смешни фотографии на Инстаграм кои штотуку ги видовте.

Зборувам за фотографија од НЕА. Мајката на вашите деца. Љубовта на вашиот живот. Таа која прави се, работи напорно за да може семејството секогаш да биде добро.

Пред неколку дена, ги прелистував фотографиите на својот телефон и сфатив дека имам еден куп на кои мојот сопруг игра со децата, но само неколку на кои играм јас со нив. И тоа е моја вина, признавам. Јас сум секогаш зад камерата и никогаш не сакам да ме сликаат. Никогаш не сум задоволна со својот изглед, секогаш ми фали малку шминка или аголот не е добар, бидејќи го доживувам синдромот на социјални мрежи. Секогаш размислувам дека може да биде објавена фотографијата и некој друг ќе ја види.

Но, не мора да биде така. Потребни ни се семејни фотографии кои ме вклучуваат и мене. Ги сакам оние на кои се само децата, секако дека ги сакам и тие каде што е мојот сопруг со децата, но важно е и јас да бидам на нив.

Затоа татковци, ако имате сопруга како мене, една вечер кога таа ќе лежи и ќе им чита приказни на децата, извадете го својот телефон и овековечете го тој момент.

Без најава.

Без позирање.

Само направете ја таа фотографија.

Кога ќе биде во кујната и ќе разговара со вас, ќе ви раскажува како го поминала денот, направете фотографија.

Ако си игра со децата, легната на подот и се смее од срце, направете фотографија.

Времето поминува со неверојатна брзина и тие слатки бебиња ќе бидат се постари и постари. Пред да станеме свесни, ќе ги спакуваат своите работи и ќе заминат од дома.

Кога ќе се случи тоа, вас ќе ви останат само спомените.

ФОТОГРАФИРАЈТЕ!

Фотографирајте ги сите моменти каде таа им ја дава сета љубов која ја има за нив. Фотографирајте за да можете да се сеќавате секогаш колку била весела и забавна, полна со живот. Нема врска ако била со масна коса или во пижами – само фотографирајте.

Мојата мајка почина кога јас имав 20 години. Се што имам од неа се фотографии. Ги гледам често, гледам како ме држи за рака и се смее за некој работа. Ги голтам со очите и ги зумирам да видам дали имам исти раце као неа тогаш.

Ве молам – фотографирајте!

Знам дека не мислите секогаш на тоа, но кога ќе ви падне на памет, не мислите на околностите, само форографирајте. Вашите деца, но и вашата сопруга ќе ви бидат благодарни.“

Извор:Yumama.com

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.