Подмладете ја кожата на природен начин

0

Колагенот е вид на протеин кој природно се наоѓа во човечкото тело. Го има во мускулите, коските и кожата. Колагенот буквално го одржува телото давајќи му сила и структура. Овој протеин често се одразува врз младата и блескава кожа. Тоа е бидејќи  заедно со еластинот, колагенот ја одржува кожата мазна, нежна и и дава младешки изглед.

Споделуваме неколку природни начини како може да го зголемите и одржувате колагенот во вашето тело, притоа не користејќи вештачки состојки како таблети и сл.

Храна богата со алфа- хидроксид киселини

Овие состојки се наоѓаат во свежото овошје, зеленчукот и одредени млечни производи. Овошните киселини ги спречуваат мртвите клетки да излезат на површината на кожата. Исто така, алфа киселните помагаат во брзо регенерирање на клетките и зголемување на колагенот во телото.

Храна богата со антиоксиданси

За да го зголемите колагенот во вашето телото се препорачува да го зголемите конзумирањето на храна богата со антиоксиданти како бобинки, заленчуци и свежо овошје. Оваа храна е богата со состојки кои ги зајакнуваат колагенските влакна. Антиоксидансите заштитуваат од оксидативен стрес. Ова се случува кога штетните слободни радикали ги уништуваат здравите клетки, а тоа може да придонесе за забрзано стареење. Со зголемената конзумација на храна што содржи антиоксиданси ќе дадете свежина на вашата кожа.

Храна богата со сулфур
Лук, зелка, кромид, ова се само некои од многуте зеленчуци кои содржат сулфур. Сулфурот помага во задржување на младиот изглед на кожата а воедно го зголемува и производството на колаген во телото. Лукот многу ефективно го зголемува количеството на колаген поради тоа што состои таурин и липидна киселина. Ова помага во регенерирање на оштетените колагенски влакна.

Витамин Ц
Витаминот Ц придонесува да се зголеми количеството на сите типови на колаген во телото. Освен што конзумирате витамин Ц во форма на таблети се препорачува и природно внесување на овој витамин преку бобинки, зеленчук и цитрусни овошја. Исто така помага ако вашите производи за кожа содржат витамин Ц во својот состав.

Здрави масти

Нерафинираното масло за готвење, нерафинираното кокосово масло, оревово и сите останати помагаат за заштита на кожата и го зголемуваат производството на колаген во телото. Научно е докажано дека тетивите и лигаментите содржат 90% од колаген тип 2. Исто така овој тип на колаген помага во затегање на кожата.

Одбегнувајте алкохол и цигари

Две работи кои го уништуваат колагенот во кожата се алкохолот и цигарите. Прекумерното пушење или пиење со текот на времето ја опушта кожата и го успорува производството на колаген на телото. Резултатите потоа се сува и жолтеникава кожа, слаби мускули и коски.

Заштита на кожата
Создадете си навика за нанесување крема за заштита од сонце секој пат кога излегувате од дома. УВЕ зраците влијаат на кожата исто колку и алкохолот и цигарите.
Силното сонце го намалува производството на колаген во кожата а тоа предизвикуваа брчки и предвремено стареење.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот