По кои правила се однесувале жените во 70- тите

0

Времињата се менуваат, денес жените се на важни позиции во светот и не се повеќе зависни од мажите.

Но, пред 50 или 60 години работите биле поинакви. Во текот на 70- тите жените добивале совети како да се грижат за своите сопружници…

Новинарката Adela Gadoi Roka во тие години напишала текст за списанието „El Sur de Conception“ во Чиле. Тие текстови се викале „Sandra“ и секоја недела давала совети за тоа како да бидете добра мајка и добра жена, а во 1966 година е направена компилација на сите тие текстови кои биле составени во книга која доживеала голем успех.

Денес звучат смешно со оглед на времето во кое живееме, а истите биле објавени на 9-ти фебруари 1972 година под име „ Од вас зависи дали вашиот сопруг ќе живее долго“.

Ги одбравме најдобри и најзабвните кои ветуваме дека слатко ќе ве насмевнат…Или замислат. 🙂

Не будете го брзо

Ако е можно да го исклучите алармот направете го тоа, бидејќи тоа секогаш предивикува малку нервоза. Нежно пробудете го сопругот, без врева во собата, зборувајте му тивко или пуштете радио.

Обидете се да го натерате да одмори по оброкот

„ Варењето е важна функција. Поради тоа е добро ако тој се одмори по оброкот. Но, вие не можете на сила да го натерате да спие ако тој тоа не го сака. Почитувајте ја неговата одлука!

Одбегнувајте бескорисни дискусии

„Запомнете дека нетрпеливоста стресот и бесот влијаат многу на крвниот притисок“.

Понекогаш е подобро да се молчи

„Понекогш тишината е полоша од некое агресивно однсување за време на караница. Во некои случаи и пожелна, дозволете вашиот сопруг да „експолодира“ и не размислувајте за вашето незадоволство“.

Доволни се овие неколку совети за да сфатиме дека времињата навистина се измениле, нели? 🙂

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.