Пријатели со бенефиции- зошто да не?

0

Пријатели со бенефиции или само личности кои имаат сексуален однос и апсолутно никаква врска?

Во ваквата „врска“ не постојат вечери и романтики, нема црвени рози и не е потребно да дојдете дома во одредено време за да вечерате со неговата фамилија.
Тоа е врска во која двете страни имаат корист!

За да имате пријател/ка со бенефиции и двете страни треба да се согласни, инаку се би паднало во вода. Пред да го направите тоа, треба да имате неколку работи на ум за да не се заплеткате подоцна во чувства кои не биле планирани.

Како да најдете ваков прител/пријателка?

Понекогаш е тешко да се најде пријател со бенефиции, бидејќи таа личност треба да биде отворена за се, а осбено за почеток на ваква фаза од животот. Слободата во ваква „врска“ е клучот за се.

Тестирајте го теренот

Кога помислувате дека сте пронашле соодветен „пријател/ка“ потрудете се да дознаете што им се врти во главата. Потребно е да го знаете нивното мислење за сексот, дали се во врска, дали не биле подолго време во врска, дали бараат сериозна врска или само забава.
Следен потег е да ги кажете вашите намери, но ненападно. Погрижете се тој/таа дефинитивно да сфати дека не барате партнер за сериозна врска, во спртивно не би можеле да бидете „пријатели со бенефиции“.
Кога и двајцата ќе знаете дали сте на иста фрекфенција, тогаш работите ќе бидат поедноставни, а пред се јасни.

Што да не правите

Не се однесувајте како очајна личност за секс- такви има на секој чекор! Тој/таа сака некој што може да му направи да се чувствува убаво и забавно. Се разбира дека е се во сексот, но зарем не би сакале да си поминете убаво време заедно без разлика на договорот?!
Кога веќе спомнавме дека е се во сексот и кога веќе го имате вашиот пријател/ка со привилегии, време е да покажете што знаете. Нема потреба да поновувате како сте напалени и слично….тоа е веќе очигледно.
Без разлика што таа не е ваша девојка, треба да покажете почит. Не ја третирајте врската со „пријателката“ како нешто ефтино.

Замки

Постојат очигледни „проблеми“ во однос на ваквата врска. Првиот е тоа што едниот од вас може да се заљуби, а другиот не. Тоа би било непријатно зар не?
Романтичните чувства се на второ место- можноста е голема да се појават, со оглед на тоа дека имате партнер/ка во кревет.

Друг проблем е тоа што „врската“ може да прерасне во некој вид на пријателство. Не сакате тој/таа да ве покани за време на ручек во домот со фамилијата, не сакате да одите во кино и сл…повеќето од овие работи би подразбирале дека не сте „пријатели со бенефиции“ туку тој однос прераснува во нешто посериозно.

Потенцијални проблеми

Сексот секогаш нека ви биде со заштита! Сигурно не сакате вашата „пријателка“ да ве изнендади со бебе. И од други причини, потребно е да имате заштитен секс.
Би било пожелно да не спиете со други за време на ваквата „врска“, задржете се до некои човечки стандарди на љубезност.

Врската може да стане компилицирана, доколку се појават чувства, сепак тоа би било одлично бидејќи најубавите љубови се случуваат непланирано. Но, доколку се оди како подмачкано, уживајте во добриот секс без обврски!

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар