Пицата како најголем мотиватор за работа

0

Големите парични бонуси се голема мотивација за понатамошната  работа, но за жал не доаѓаат толку често.

Истражувањето кое го направил Ден Арли автор на кината “The Hidden Logic Thаt Shapes Our Motivations” вели дека вработените можат да бидат мотивирани и на друг начин: со пофалби и пица.

За потребите на истражувањето, на вработените секое утро да им бил испраќан меил во кој добивале различни задачи. Ако ги исполнат, следи награда.

Наградите во ова истражување вклучувале паричен износ од 22 фунти, пофалби од шефот и бесплатна пица.

Една од групите не добила никаков меил со понуда за награда.

Првиот ден од истражувањето, пицата се покажала како вистински мотиватор, мотивираноста била зголемена за 6,7 %. Кај групата каде што наградата била пофалба од шефот, продуктивноста се зголемила за 6,6 %, а пак, кај тие што имале ветено паричен бонус, за 4,9%.

Ова истражување докажало дека паричниот износ е мотиватор за работа, но наградата во облик на комплимент од шефот и пица сепак се клуч за мотивација на вработените на секојдневно ниво.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.