Фарел Вилијамс: Секоја врата има клуч

0

Познатиот музичар е еден од омилените ликови ширум светот со својот оригинален стил и музика.

Фарел не е само познат музичар туку и успешен на повеќе полиња. Тој е изведувач, продуцент, дизајнер на облека и ентериер, накит и уметинк- во последно време ниже успеси на сите полиња.

„Знам што треба да избегнувам! Сакам да ја проучувам вселената, но немам потреба да одам таму“ 

Неколку тајни на неговиот успех по кои тој се раководи…

Сврти го секој камен

Фарел Вилијамс работи толку многу работи во исто време и се труди максимално да учествува и придонесе во секоја од нив. Вели дека постојано е во потрга по нови соработки, познанства и работни прилики и искуства.

Во ред е да си поинаков

„Не се обидувајте да се вклопите во остатокот од светот. Размислувајте надовoр од зоната на комфорот и живејте со аргументи“- вели тој.
Тој споделува како од секогаш се чувстувал како „аутсајдер“ а дури подоцна во тоа ја пронашол својата инспирација и сила.

Бидете страствени во својот бизнис

„Ако вашата моментална работа не буди страст кај вас- променете ја кариерата! Обидете се да го најдете тоа што вие го сакате и во што пронаоѓате смисла за живот“.

Секоја врата има клуч

Односно секој проблем има решение. Тој вели дека неговиот проблем е кога треба да работи со луѓе кои не го мотивираат, а со оглед на тоа дека многу мажи спаѓаат во таа категорија, вели дека најчесто соработува само со жени.

Опкружете се со луѓе од кои може да учите

“Понекогаш е потребно да го уништите вашето его и едноставно да седнете и слушате од советите на успешните и задоволни луѓе“.

Соработувајте

,,Од микро за макро ниво!
Соработувајте со својот тим, но обидете се да ги задоволите и потребите на вашите клиенти, публика и обожаватели. Разговарајте со луѓето и дајте им значење на сите.”

„Не го омаловажувајте туѓото време и труд“.

Почитувајте ги другите

Фарел е најпознат по својата скромност и изјавите во кои никогаш не вели дека само тој е заслужен за постигнатиот успех на одреден проект. Тој постојано ја истакнува работата на целиот тим кој работи со него.

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар