Овие работи поврзани со жените… ги нервираат мажите!

0

Без оглед на тоа колку мажите ги сакаат жените, и без оглед на тоа колку им изгледаме совршени, постојат одредени работи што ги прават жените, а на мажите им одат на нерви. Еве штo им пречи на мажите…

Кога жените се преправаат

Многу жени се прават „светици“ и не сакаат да признаат дека и тие имале некакво минато зад себе, дека се вљубувале и имале и други мажи во својот живот. Секоја чест за оние кои се навистина невини и добри, но останатите не би требало да се срамат од своето минато.

Кога жената критикува друга жена

Зошто на жените им е тешко да даваат комплименти на други жени? Многу повеќе уживаат да ги анализираат другите жени од глава до петици. Само жена може да забележи дека друга жена нема чанта и чевли во ист стил и веднаш да почне да критикувана таа сметка да дава критики. Секако, постојат и жени кои забележуваат кога друга жена убаво ќе се среди и дотера, но најчесто тоа нема да го кажат на глас.

Кога е љубоморна

Кога мажот ќе спомене име на друга жена, во жената почнува да тлее љубомора и бес кои може да траеат и со недели, понекогаш и подолго. Жените уживаат да ги преиспитуваат работите, особено верноста на партнерот и затоа штом им се спомене друга жена, во нив почнува да врие. Ако таа има причина за сомнеж во верноста на партнерот, тоа е во ред, во спротивно, треба да избегнуваат такви ситуации.

За што размислуваш?

„За што размислуваш?“ е типично прашање кое жените им го поставуваат на мажите за да ги преиспитаат нивните вистински чувства. Ова е дополнето со цела низа теоретски прашања за да проверат дали партнерот е навистина нивна сродна душа. Тоа дефинитивно ги одбива мажите.

Потреба за внимание

Некои жени имаат потреба нивниот маж да ги гали, гушка, да им зборува дека се нешто најубаво што му се случило во животот. На тој начин бараат од партнерот да им биде емоционална, морална и ментална поддршка. Најчесто ваква поддршка бараат оние жени кои инаку се претставуваат како самостојни и независни. Штом ја најдат љубовта на својот живот, сета таа независност исчезнува и стануваат исклучително несигурни.

cropped-bigstock-couple-posing-over-white-backg-58033211

Непотребно зборување

Многу жени сакаат да зборуваат дури и кога не се поттикнати на тоа. И кога ќе почнат да зборуваат, не престануваат. Не дека мажите не ги интересира што сакаат тие да кажат, но сепак не мора да им се раскаже секој детаљ.

Претерана емотивност

Повеќето жени успева да ги расплаче секоја ситница: тажен или романтичен филм, лоша фризура или скршен нокт. И згора на тоа очекуваат мажот да биде тој што ќе ги орасположи. А мажите најчесто не знаат како да се однесуваат во такви ситуации и навистина не можат да сфатат зошто треба да се плаче во такви ситуации.

Чепкање во машкиот „простор“

Жените имаат потреба да ги чуваат мажите и да внимаваат на нив, но и да ги присвојуваат машките работи. Секоја жена знае каква фризура му прилега не нејзиниот партнер, какви чевли треба да облече со неговото омилено палто, или едноставно ќе го прекопаат плакарот за да ја најдат кошулата која замислиле дека тој треба да ја носи вечерта. Ниеден маж не сака жената да го окупира и неговиот личен простор.

Шопинг

Кога станува збор за шопингот, на жената ѝ се малку и неколку часа за да го најде тоа што го бара. Скоро секоја жена троши минимум еден час во продавницата за чевли, а потоа уште неколку низ останатите продавници во кои замислила да влезе. Притоа не ни помислува на јадење, вода, пијалак…. Кога жената ќе го одведе својот партнер во шопинг, тоа е жив кошмар. Мажот сака да седне некаде, да се напие пијалак, да јаде, а не да стои до вечност во продавницата.

Жените го користат сексот како оружје

Во битката на половите, многу е важно кој го води главниот збор во врската. Жените, за да ја покажат својата надмоќ, најчесто ја користат најслабата точка на мажите: сексот. Мажите признаваат – жените имаат многу добра тактика, но мора ли секогаш кога сакаат да победат да ја употребуваат токму неа?

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.