Осумдесетите, декадата која ги донесе најголемите промени

0

80тите години на минатиот век е времeто кога се случија најголемите промени и новитети во музиката, информатиката, здравјето и останатите области. Ние решивме да ве потсетиме на некои од нив во продолжение.

Во 80те се случи бајката од вистинскиот живот. Обична девојка која сите ја обожаваат се омажи за принцот што го сакаше. Можеби тоа на крај не се покажа како многу мудар избор, но остави наследство кое сите го сакаат и почитуваат. Да, зборуваме за бракот на непрежалената принцеза Дијана и принцот Чарлс. Свадбата се емитуваше во живо, а светот се радуваше на остварената љубов на Дијана.

coachSUM_1853729c

Во 80те беше направено и објавено едно од најдобрите и најгледани видеа на сите времиња – Thriller на Мајкл Џексон. Во форма на мини-филм каде танцуваа зомби, ова го ‘закова’ Џексон на тронот на најдобар музичар на сите времиња.

ola-ray-michael-jackson

Во 80те се појави парфемот кој денес е класика “Poison” на Dior. Toa e мирисот на таа декада.

860544_fpx

Во 80те доминираше серијата “Династија” и вечното ривалство помеѓу Кристл и Алексис, помеѓу доброто и лошото. Иако, кај нас се емитуваше еднаш неделно, сепак доживувањата беа неверојатни.

krystal-blake-alexis-dynasty

Во 80те момците на “Duran Duran” пловеа на јахта за целите на нивното видео на еден од најголемите хитови “Рио”.

duran-duran-rio

Во 80те, E.T телефонираше за да си оди дома. Стивен Спилберг го направи еден од најгледаните филмови на сите времиња. Во оваа група се и филмовите The Goonies, Indiana Jones, Poltergeist, Gremlins, Back to the Future, The Color Purple…

ET-420x0

Во 80те, Арнолд Шварценегер од варваринот Конан се претвори во Терминатор и ја кажа легендарната фраза “I’ll be back!”

51861d04909f656fd603c40f2f742be3

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот