Нова теорија за мистеријата на Бермудскиот триаголник

0

Бермудскиот триаголник се простира во Атлантскиот Океан помеѓу Флорида, Бермудите и Порторико. Легендата вели дека триаголникот ги „јаде“ бродовите и авионите, без притоа да постојат некакви траги од остатоците, и тоа дополнително ги зголемува шпекулациите за неговото постоење и мистеријата што го окружува.

Минатата недела се појави нова теорија поврзана со Бермудскиот триаголник, според која, причината за исчезнувањата може да биде новооткриениот шестоаголен облак што се формира над Триаголникот. Ова го објаснува др. Ренди Карвени од Државниот Универзитет Аризона и вели:

„Овие типови шестоаголни форми над океанот се, всушност, ‘воздушни бомби’, а се создаваат од она што го нарекуваме микро-струи. Тие се експлозии на воздух што произлегуваат од дното на облаците и удираат во океанот, а потоа создаваат бранови кои се понекогаш толку големи, што самите почнуваат да комуницираат еден со друг.“

Природно, ниту еден брод или авион не би сакал да се најде под ваква ‘воздушна бомба’.

Ама и оваа теорија е само тоа – теорија, па мистеријата на Бермудскиот триаголник повторно останува неразјаснета.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар