Нешто што не знаевме за мажите

0

Како што жените понекогаш се голема мистерија, така се и мажите. Има неколку работи за момците кои се строго чувана тајна, некои кои се табу тема и некои кои баш никогаш нема да ги признаат… Момци, извинете, денес вие сте актуелни. Девојки, вам ќе ви откриеме дека мажите всушност се емотивни, имаат потреба од партнерка и поседуваат татковски инстинкт.

Мажите се емотивни

Додека женските се сметаат како поемоционален пол, истражувањата покажале дека малите машки деца се поемоционално реактивни од малите женски деца. Возрасните мажи имаат посилни емоционални реакции, но само пред да станат свесни за своите чувства. Но, штом емоцијата пристигне до свеста, мажите заземаат неемоционален став. Но, тоа не ги прави помалку човечни.

Се плашат од осаменост

Иако осаменоста има огромно влијание врз сечие здравје, мажите се поранливи на осаменоста, колку и да не го признаваат тоа. Живеењето со жена има позитивно влијание врз мажот. Мажите кои имаат стабилни врски се поздрави и генерално живеат подолго.

Гледаат други жени

Мажите имаат шест пати повеќе тестостерон од жените, што несвесно ги тера да „зјапаат“ во жените. Но исто така, често забораваат на жената која ја гледале кога таа ќе му се изгуби од вид.

Ја бранат својата територија

Дел од машката задача, според еволуцијата е да ја бранат својата територија. Иако и жените имаат нагони на посесивност, мажите можат полесно да станат насилни кога има закана по нивната територија или пак, по нивниот љубовен живот.

Не се плашат од брак

Жените сакаат да се омажат, а мажите сакаат вечно да останат ергени е многу погрешно мислење. Се разбира, некои мажи имаат страв од обврските кои ги носи бракот, но околу 60% од мажите кои го немаат „генот на промискуитет“ ќе се оженат. Ваквите мажи и нивните сопруги претежно имаат среќен брак. Исто така, статистиката покажала дека неверствата и разводите се поверојатни од мажи кои потекнуваат од нестабилни семејства.

Имаат татковски инстинкт

Машкиот мозок станува особено отворен за соработка додека неговата сопруга очекува принова. И идните татковци поминуваат низ хормонални промени, се зголемува пролактинот, се намалува тестостеронот, со што се условува родителско однесување. Нормално, феромоните на бремената и сакана жена ги поттикнуваат овие промени.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот