Немате време за сè?

0

Модерниот начин на живот постојано ни нуди нови работи што можеме да ги научиме, места што можеме да ги истражиме, нови луѓе кои ги запознаваме… Ама, како да најдеме време за сè? Дозволете ни да ви помогнеме да го организирате времето и да најдете време за буквално сè што сакате да постигнете во текот на денот.

Најпрво, запишете ги на еден лист своите дневни планови – книгите што сакате да ги читате, филмовите што сакате да ги гледате, работните проекти и слично. Кога ќе создадете листа, тогаш ќе ви биде полесно бидејќи ќе ги пречкртувате завршените активности на дневно ниво.

Внимателно искористете го „мртвото време“ – „мртво време“ е времето помеѓу вашите активности: додека чекате во ред на каса, додека се возите во автомобил, додека ги чекате пријателите. Не трошете го времето играјќи игрички на телефонот, туку прочитајте неколку реда од книгата што ви е на листата, на пример.

Не трошете го времето на реклами – гледајќи го по дваесетти пат омилениот филм на телевизија ќе потрошите барем половина час на реклами кои постојано го прекинуваат. Наместо тоа, гледајте го онлајн, а тој пооловина час искористете го за нешто полезно.

Направете листа на сите работи што ги правите во текот на денот – во тефтер запишувајте сè во текот на два-три дена, детален опис на нештата. Кога по неколку дена ќе ја прочитате листата, ќе видите на што залудно трошите скапоцени минути, па и часови.

Предадете дел од обврските на другите – наместо секогаш вие да пазарите, денеска испратете некој друг да оди во маркет, или да ги испегла алиштата, да ја пушти правосмукалката. И веднаш имате повеќе време за вас.

Одберете задачи од пет минути – немојте да сте мрзливи, па наместо да лежите, избришете прав од полиците, одберете ја облеката за следниот ден… овие активности ќе ве оттргнат од рутината, одземаат малку време и го прават денот подинамичен.

Одморајте се редовно, не само кога ќе се преморите – тоа нека бидат паузи од 10 минути на секои 50 минути. На овој начин ќе бидете и одморени и полни со енергија за понатамошната работа. Повремено, сепак, посветете си ден на себе, цели 24 часа за одмор.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.