Најзабавните изјави на фудбалерите: „Изгубивме само затоа што не победивме“

0

Дали знаете која е најсовршената комбинација на светот?

Фудбалот и мажите. Нема ништо посовршено од тоа. Односот меѓу нив се поставува еднаш и трае засекогаш. Токму на тема фудбал, ви пренесуваме некои од најинтересните изјави на фудбалерите кои ниту еден навивач нема да ги заборави.

„Никогаш не сум посакал да заминам. Овде сум сиот свој живот, а се надевам дека ќе бидам и после тоа.“ – Алан Ширер

„Изгубивме само затоа што не победивме.“ – Роналдо

„Би сакал да играм во италијанска лига, на пример, во Барселона.“ – Марк Дрејпер

„Бев изненаден, а секогаш велам дека во фудбалот ништо не може да ме изненади.“ – Лес Фердинанд.

„Без фудбал, мојот живот не е вреден“. – Алекс Фергусон

„Не можев да се снајдам во Италија, тоа беше како да живеам во странска земја.“- Иан Раш

„Фудбалот е игра која се состои од контролирање на топка, примање, додавање, постигнување на гол. Тоа е страшно едноставно.“– Вејн Руни

„Моите родители отсекогаш ме поддржувале, уште од моите 7 години.“ – Дејвид Бекам

„Не постои средина – или си добар или си лош. Ние бевме нешто помеѓу нив.“ – Гери Линкер

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот