Најкултните македонски филмови

0

Првите подвижни слики на браќата Јанаки и Милтон Манаки (првите филмски сниматели на Балканот), во кои нивната 114-годишна баба Деспина преде во дворот, ја означија ерата на македонскиот филм. Емотивните кадри во нивниот пионерски подвиг, се направени во 1905 година, со 35 милиметарската филмска камера „Bioscope Но.300“, во производство на Charles Urban Trading Co. Оттогаш, па наваму направени се многу македонски филмови. Некои кренале прашина, некои останале подзаборавени. Но, има неколку кои се култни за македонската кинематографија и вреди да ги погледнете уште еднаш.

Пред дождот е македонски филм од 1994 година, режиран од Милчо Манчевски. Овој филм во 1994 година беше номиниран за филмската награда Оскар. Филмското дејство на „Пред дождот“ поседува сопствена консеквентно спроведена драматуршка логика и од неа, всушност, и извира оној недвосмислен квалитет и шарм на ова остварување. Филмот е во времетраење од 119 минути и е снимен во вајдскрин техника.

пред дождот

Бал-кан-кан е македонски филм во италијанска копродукција, кој го следи животот на македонски бегалец кој патува низ балканот за да ја пронајде својата баба која е завиткана во тепих. Дарко Митревски е режисер и сценарист на филмот, а Владо Јовановски, Адолфо Маргиота, Ѕвездана Ангеловска и Тони Михајловски ги играат главните улоги. Добитник е на Специјалната награда од филмските критичари на Русија на XXVII Московски Меѓународен Филмски Фестивал одржан во 2005 година.

tattoo3

Тетовирање е македонски филм, драма од 1991 година, режиран од Столе Попов, со Столе Аранѓеловиќ, Мето Јовановски, Љиљана Меѓеши, Јовица Михајловски, Кирил Поп-Христов, Светозар Цветковиќ, Зоран Цвијановиќ, Александар Чамински и Данчо Чевревски во главните улоги. За овој филм, Столе Попов ја добива наградата „Златна мимоза“ на Филмскиот фестивал во Херцег Нови во 1991 година за најдобра режија. Неофицијално, Тетовирање е и првиот македонски филм понуден за номинација за престижната филмска награда Оскар, но истиот не е прифатен од Академијата.

balkankan 1

„Исправи се, Делфина“ е  македонски филм од 1977 г. на режисерот Александар Ѓурчинов, работен по негово сопствено сценарио. Во главните улоги се јавуваат Столе Аранѓеловиќ, Неда Арнериќ, Дарко Дамески, Слободан Димитриевиќ и Диме Илиев. Филмот е инспириран од вистински настан – препливувањето на каналот Ламанш од страна на македонската маратонска пливачка Атина Бојаџи. Самата Бојаџи е еден од соработниците на филмот, а и се појавува во една сцена од него, при излегувањето од водата од Ламанш.

ispravi se delfina

И еден понов филм ќе сместиме на оваа листа на македонски култни филмови. „Трето полувреме“ е приказна за неколку луѓе собрани околу најважната работа во светот, фудбалот, во најтурбулентното време во историјата на светот – Втората светска војна.

трето полувреме 1

Филмот е инспириран од вистинските случки во Македонија за време на бугарската окупација во Втората светска војна. Главните улоги во филмот ги играат: Сашко Коцев, Катарина Ивановска, Ричард Самел, Раде Шербеџија, Емил Рубен, Митко Апастоловски, Мето Јовановски, Тони Михајловски итн. Сценариото е дело на Гргур Струјиќ, а музиката за филмот ја компонираше Кирил Џајковски. Филмот започна да се снима на 24 август 2011 година, а снимањето заврши на 27 октомври 2011 година. Премиерата на филмот беше на 15 септември 2012 година во рамките на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

трето полувреме 2

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.