Најдобрите филмови на 21. век

0

Медиумската куќа BBC ангажираше 177 еминентни филсмки критичари од 36 светски земји за да ги одберат најдобрите филмови на 21. век.

Резултатите од ова истражување покажаа дека филмот “Mulholland Drive” во режија на Дејвид Линч е најдобриот филм снимен во 21. век.

Иако, во последно време често се зборува за тоа дека денешните филмови го немаат квалитетот на оние кои се снимале во златната доба на Холивуд и студентите на катедрите за филм ширум светот ја проучуваат „смртта на филмот“, сепак оваа анализа покажува дека не сè е така црно.

Интересниот проект на BBC покажа дека без разлика на тоа што сме во првата четвртина на 21. век, сепак постојат филмови снимани во последниве шеснаесет години кои се вистинска класика и слободно можеме да им го дадеме епитетот – култни филмски остварувања. Еве како изгледа листата на десет најдобри филмови снимени во овој век.

  1. Mulholland Drive – Дејвид Линч, 2001
  2. In the Mood for Love – Вонг Кар-ваи, 2000
  3. There Will Be Blood – Пол Томас Андресон, 2007
  4. Spirited Away – Хајао Мијазаки, 2001
  5. Boyhood – Ричард Линклејтер, 2014
  6. Eternal Sunshine of the Spotless Mind – Мајкл Гондри, 2004
  7. The Tree of Life – Теренс Малик, 2011
  8. Yi Yi: A One and a Two – Едвард Јанг, 2000
  9. A Separation – Ашгар Фаради, 2011
  10. No Country for Old Men – браќата Коен, 2007

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар