На кој начин Усеин Болт ги заработува милионите

0

Усеин Болт на последните Олимписки игри освои три златни медали кои само му ja зацврстија позицијата на најбрзиот човек на планетава. Тоа е титула која му донесе заработка од 32, 5 милиони долари.

Business Insider направи кратка анализа за начинот на кој ги заработил милионите.

-2,5 милиони долари од награди и промоција на одредени настани со самото тоа што се појавува.

-Компанијата за производство на патиките Пума му плаќа 10 милиони долари на годишно ниво.

-Од спонзорства на фирми како Hublot (за часовници) Gatorade (американска компанија за производство на храна за спортски и спортски пијалаци) како и Virgin Media(компанијата за телекомуникациски услуги).

-Зделките кои ги договара се движат од 1 до 4 милиони долари.

-Заработува по 10 000 долари за секоја трка која ќе ја добие во Diamond лигата.

-Обично кога се појавува на настани, тоа го наплатува по 400 000 долари од настан.

-Има заработка од неговиот карактер од играта Temple Run.

-Автомобилот кој го вози  е Black Nissan GT-R. После Олимписките игри во Лондон во 2012 година, компанијата му подари специјално златно издание на автомобилот со регистaрски таблички Mr. Bolt.

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.