На кои работи треба почесто да кажувате ДА!

0

Една од работите кои досега сте ги научиле е тоа дека во животот ништо не оди според планот. Сте сакале да одите на патување, се откажало, сте имале план да се искачите на највисокиот врв не ви успеало, сте сакале да направите промена во животот во точно определен период и тоа не ви успеало. Време е да не ги размислувате толку работите и едноставно да кажете да.

Кажувајте почесто ДА за патувања. Не е важно дали е кратко или долго патувањето, блиски или далеку, важно е да се случува. Човекот станува побогат со секое ново доживување, а патувањата се полни со случки кои ќе ве променат како личност во позитивна смисла.

Кажете ДА за разговор со непознати луѓе. Ова не значи дека со секој што ќе го сретнете на улица да застанете и да разговарате за се. Тоа ќе има спротивен ефект. Туку, кога ќе се најдете во ситуација каде запознавате нови луѓе имајте на ум дека тие луѓе можеби ќе направат промена во вашиот живот, дали на приватен или професионален план. Почнете со тоа што во лифт ќе го почекате соседот да влезе со вас, наместо набрзина да ја затворите вратата и да се возите сами.

Кажете ДА ако е некој побара услуга од вас. Ако имате време и начин, тогаш кажете да. Убао е кога ќе бидете вие дел од промена во нечиј живот. Бидете пријател плус на кого можа да се потпрат. Секое добро дело се враќа назад со добро.

Кажете му ДА на вашето тело кога во кажува нешто. Слушајте ги потребите на сопственото тело, обрнете внимание на промените и ако има потреба преземете нешто. Се работи за вашето здравје кое треба да ве служи уште долго.

Кажете ДА за време поминато со себе. И ова е важен сегмент од животот. Секој од нас има потреба да се посвети себеси, на сопствените мисли и потреби. Тоа е клучот на балансот. Не се казнувајте и не ги оставајте личните потреби за некое друго време и место, затоа што тоа никогаш нема да дојде. Создате те го сами.

Кажете ДА за почести излегувања и дружби со пријатели. Излегувајте на пијалак, кафе, вечера…Бидете дел од случувањата во вашето место. Тоа ќе ви даде енергија и елан за следните ден.

Кажете ДА за промени. Секоја промена е добредојдена, дури и негативната. Тоа е начин работите да тргнат од статус кво. Само напред!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.