Музика на тишината – како Андреа Бочели го изгуби видот

0

Италијанскиот тенор Андреа Бочели со својот глас успеа да го освои светот. Но, овој уметник никогаш и немал да се роди, ако неговата мајка ги послушала советите на лекарите.

Докторите ѝ советувале на неговата мајка да абортира, со предвидување дека детето ќе има проблеми со видот.

Мајката Еди и таткото Алесандро одбиле. Веднаш по раѓањето на Андреа, лекарите констатирале дека проблеми со видот навистина постојат и по бројни посети на различни доктори и клиники, поставена му е дијагноза дека боледува од глауком.

Андреа Бочели целосно го изгубил видот во 12-та година од животот, како резултат на повреда што ја здобил при играње фудбал. Бил голман, топката го удрила во око и се здобил со повреда на мозокот.

andrea-bocelli

Запирајќи го крварењето во главата, лекарите се обиделе да му го спасат и видот, така што му ставале пијавици на главата, но не успеале.

Откако целосно ослепел, Андреа ја научил Брајовата азбука, а со прстите ги учел нотите и почнал да свири клавир.

Студирал право во Пиза, а заработувал пеејќи во ноќни барови.

Животот му добил нов правец кога 1993 година, во неговата 34-та година од животот, го забележал Лучано Павароти. Тој го повел со себе на турнеја и му дал огромна поддршка во кариерата.

Од тогаш до денес, Андреа Бочели продал преку 80 милиони албуми.

Со својата животна приказна, тој го инспирирал британскиот режисер Мајкл Редфорд, кој почна да го снима филмот „Музика на тишината“.

Главното барање на Бочели било неговото слепило да не биде пренесено како хендикеп.

Тој не сака луѓето што не го познаваат да знаат дека е слеп. Има исклучително развиени сетила за мирис и звук, а може да „пукне“ со прстите и да ви каже колку е оддалечен од некој ѕид.

15304632_1332380596814929_938429800880197346_o

Улогата на Андреа Бочели во филмот му е доверена на Тоби Себастијан, а во филмот кој се снима, глумат и Антонио Бандерас и Милош Биковиќ.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.